Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Попладне во северните и источните делови врнежите ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.

Во Скопје променливо облачно, попладне со повремен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Следува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во сабота и понеделник вдолж Повардарието повремено ќе дува засилен северен ветер./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шемата на неговиот директор Стоилев?

ДЕСК

Тешка сообраќајка во Битола – едно лице итно пренесено во клиничка болница

ДЕСК

Нов грабеж среде бел ден во Аеродром – 50 годишна жена остана без чантата во која имало пари, документи, мобилен телефон…

ДЕСК