14. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Владина прес служба
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Виновен беше затоа што е мој син, прости ми, Јоване, што сето ова мора да го живееш

Со одлуката на Антикорупциската комисија се потврдија лагите на СДСМ, вели премиерот на Македонија Христијан Мицкоски.

„Го обвинија Јован, му судеа и го осудија без притоа да покажат ниту еден доказ. Виновен беше само затоа што е мој син. Останува горчината за лагите на СДСМ и нивните мегафони, посебно што нападнаа тинејџер кој ќе живее, учи и се гради како личност во средина во која политичките лешинари не бираат средства и начин во политичката арена. И тогаш имате морален хазард, истите градат среќа врз туѓото инволвирање во политика, затоа што со реални факти и аргументи не можат. Но вистината победи. Во моето однесување никогаш не сум прекршил закон, тaка и ќе продолжам“, рече Мицкоски и додаде:

„ А ти синко…, те молам да ми простиш, не си ти виновен што мора сето ова да го живееш. Заедно ќе живееме за да победиме за Македонија и никогаш повторно ова да не му се случува на ниту еден тинејџер во иднина“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Летно изненадување од dm и Babylove:  со сметка над 499 денари добивате подарок!

ДЕСК

Мицкоски од терен: Со забрзана динамика се гради автопатот Кичево – Охрид

ДЕСК

Мицкоски: Над 40 милиони денари за субвенционирање на сметките за електрична енергија за ранливите граѓани

ДЕСК