И новата власт продолжи со поставување на камерите од проектот “сејф сити”.
Но засега не е познато кога казните ќе стигнуваат во плик, иако беше најавено дека то би се случило најрано на почетокот на следната година.
На прашањето дали ќе има ургенции и телефонски јавувања за “кинење” на казните кои ќе доаѓаат од камерите низ Скопје, тој рече:
„Една од примарна причини за поставувањето на камерите е безбедноста. Бројките на жртви се алармантни. Затоа ги поставуваме камерите, за да спасиме животи. И пред се жртвите се млади луѓе.Друга причина е дека никому повеќе не може да се јавите за да ви скине казна. Нема кому да е јавите. Компјутер е тоа, треба да се јавите на компјутерот. Нема кому да се јавите“, рече министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
фото МВР