5. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ЦУК: 2 028 повици на 112 во последното деноноќие, три пожари на отворено, внимателно на пат

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 2 028 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, во последното деноноќие. Од нив „реални“ повици биле 60,06%, а 39,94% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон Полиција биле упатени 67,16%, кон Итната медицинска помош 19,82%, кон пожарникарите 5,03%, а кон АМСМ 0,30% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 836 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици и на тие што се именувани како „неитни повици“. Сите тие повици за итни случаи биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

ЦУК информира дека во последното деноноќие имало регистрирано четири (3) пожари на отворено на територијата на државата. Конкретно, Регионалниот ЦУК Битола, ја пренесува информацијата од ТППЕ Битола, во која се наведува дека од 11.50 до 12.45 часот, со 2 пожарникара и 1 ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација во атарот на с. Могила (Општина Битола). ТППЕ Демир Хисар во 16.20 до 19.20 часот со 2 пожарникара и 1 ПП возило гаснеле запалено ѓубре патот од Демир Хисар кон Струговско Езеро (Општина Демир Хисар). РЦУК Штип информира дека пожарникарите од ТППЕ Штип од 19.00 до 19.50 часот со 2 пожарникара и 1 ПП возило гаснеле запалено стрниште во с. Крупиште (Општина Чешиново Облешево), од 15.50 до 17.30 часот со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалено стрниште во атарите на селата Таринци и Карбинци (Општина Карбинци).

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Известуваат и дека на повеќе места во државата се одвиваат работи на пат, каде е поставена соодветна сообраќајна и патна сигнализација.

Регионалниот ЦУК Скопје ја пренесува информацијата од ЈП Македонија Пат, дека поради градежни активности на регионалниот пат R-2239 делница с. Бродец – с. Побожје, односно реконструкција, санација и надградба на коловозната делница од км.10+100 до км.16+000, во вкупна должина 5 900 метри, во наредните денови до 10.10.2024 г. ќе има целосно блокирање на сообраќајот во временски интервал од 09:30 до 14:30 часот. На овој потег ќе биде поставена соодветна сигнализација при изведба на работите.