23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Зеленски им се заблагодари на САД по најавата за помош на Киев од речиси осум милијарди долари

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска му се заблагодари на американскиот претседател Џозеф Бајден откога беше најавено дека САД ќе му испратат воена помош на Киев во вредност од речиси осум милијарди долари и ќе воведат нови санкции против Русија.

„Во име на украинскиот народ и нашите храбри воини на фронтот, му благодарам на нашиот најблизок сојузник, Соединетите Американски Држави, што најде начин да ја отстапи преостанатата безбедносна помош за Украина и да обезбеди претседателските овластувања да траат до крајот на фискалната година во САД“, напиша Зеленски на својата сметка на мрежата Х.

Тој посочи дека Киев ќе ја искористи новата американска помош за на најефикасен начин да ги постигне главните цели, односно победата на Украина, праведен и траен мир, како и трансатлантска безбедност./Извор:Makfax