1. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk (c) 2024
МАКЕДОНИЈА

Орбан доаѓа во Охрид, в четврток и петок привремено ќе бидат затворени неколку улици

Со цел безбедно и непречено одвивање на предвидените активности по повод претстојната посета на унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговата делегација на Охрид, Секторот за внатрешни работи Охрид ги презема сите неопходни безбедносни мерки и активности.

Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај ги известува сопствениците на патнички и други моторни возила дека е потребно да ги дислоцираат возилата од паркинг-местата на булеварот Туристичка и на улиците Коста Абраш, Цар Самуил и на кејот „Македонија“. На 26 и 27.9.2024 година (четврток и петок), на улиците Илинденска и Коста Абраш ќе биде забрането запирање и паркирање патнички и други моторни возила, а во текот на движењето на возилата во состав на делегациите привремено за сообраќај ќе биде затворен дел од магистралниот пат Кичево – Охрид, од аеродромот до клучката кај „Распаќе“, булеварите Туристичка и Македонски просветители, улиците Абас Емин и Кирил и Методиј, како и регионалниот пат Охрид – Св. Наум. На 27.9.2024 година безбедносните мерки во сообраќајот ќе бидат преземани и на подрачјето на Пештани и Љубаништа, известува СВР Охрид.

Од СВР Охрид апелираат до граѓаните да ги почитуваат насоките на полициските службеници, кои на овие сообраќајници ќе вршат физичко регулирање на сообраќајот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ДОМ: Претпразнични (и предизборни) партиски вработувања во инспекторатот за животна средина?

ДЕСК

Лишени од слобода криумчари од Косово, пронајдени осум лица мигранти од Кина

ДЕСК

Со ретровизор ја удрил во главата, починала од здобиените повреди – Поднесено обвинение за тешки дела против безбедноста

ДЕСК