Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Месото поевтини за 20-тина денари, лебот за денар до два – еве ги новите цени во маркетите

Маркетите од денес имаат обврска да ги намалат цените на околу 70 основни продукти.

Со владината одлука маржите на одредени продукти ќе бидат до максимум 10 отсто.

Според информациите од маркетите цените се слични како и претходно.

Пример цената на лебот се намалил за денар до два, месото од 10 до 20 денари за килограм, како и цените на рибата.

Млечните производи исто така имаат незначителен пад.

Сепак забележани се и поевтинувања на овошките и зеленчукот.

Маркетите мора уште од денес да ги утврдат новите цени на посочените основни продукти. Ваквата есенска кошничка се очекува да трае до крајот на октомври.

Владата најави вакви слични акции и за Нова Година, Рамазан, Велигден и тн.

Можеби ќе ве интересира

Лоша вест: Поскапуваат сите горива – Падна одлука во РКЕ

ДЕСК

„Луѓето треба да се пензионираат подоцна за да излезат од кризата“

ДЕСК

Бројот на работниците во индустријата е намален за 2.8 % во септември 2025 во однос на септември 2024 година

ДЕСК