Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Денеска стабилизирање на времето, од петок нови врнежи од дожд

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Во текот ноќта ќе има услови за локален дожд.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 29 степени.

Ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а од петок се очекуваат нови врнежи од дожд и локална појава на грмежи и засилен ветер. Во петок и особено во сабота ќе засилува југозападен ветер, а потоа со северен ветер се очекува позначително опаѓање на температурата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Предавникот Мицкоски ја претвора Македонија во мигрантски камп, за пари!

ДЕСК

Голема промена на времето! Од утре дожд, па сонце и високи температури!

ДЕСК

СДСМ вечерва се огласи на фејсбук: Утре следува нова бомба за корупциска шема на власта, работата не е завршена

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.