12. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Пијан возач влетал со камион во ресторан, гостите „летале“ на сите страни во Аризона

Околу 30 лица се повредени откако автомобил влетал во ресторанот „Елкс лоџ“ во предградието на Феникс во американската сојузна држава Аризона.

Полицијата соопшти дека 73-годишниот Томас Едвард Кејн бил уапсен откако со својот камион за да го напушти паркингот на ресторанот, случајно влетал во ресторанот околу 19 часот.

Полицијата соопшти дека причина за несреќата е тоа што Кејн бил во алкохолизирана состојба.

Властите соопштија дека 10 повредени биле пренесени во болниците со брза помош за лекување на повреди кои не се опасни по живот, кои се движат од длабоки исеченици до скршеници.

Едно лице е во критична, но стабилна состојба.

На уште 15 лица им била укажана помош на местото на настанот поради полесни повреди, а полицијата соопшти дека уште најмалку пет лица се пренесени во болници со повреди кои не се опасни по живот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Борис Џонсон: Убиството на Чарли Кирк е знак за крајниот очај и кукавичлук на оние што не можеа да го победат на дебата

C +

Конгресот на САД одобри 342 милиона евра воена помош за Украина

C +

Сојузникот на Трамп убиен во атентат, ФБИ приведе осомничен, па го пушти

C +