21.8 C
Скопје
19. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ученичка во основно училиште во Чешка со нож нападнала и повредила двајца ученици

13-годишна ученичка во градот Домажлице на југот на Чешка денеска со нож нападнала и ранила двајца ученици, а полицијата бргу интервенирала и ја привела осомничената.

Според информациите, нападнатите момче и девојче се надвор од животна опасност, пренесува порталот Novinki.cz.

„Таа избоде девојка и момче со нож. За среќа, повредите не се премногу сериозни“, изјавил анонимен упатен извор за чешкиот портал.

Изворите наведуваат дека нападот се случил утринава пред почетокот на наставата кога осомничената тинејџерка неочекувано влетлала во одделението со нож, момчето било прободено во стомакот, а девојката во грбот.

Станува збор за деца со кои осомниченото девојче претходно одело во седмо одделение во основно училиште.

Осомничената, поради слабите резултати, била принудена да го повторува седмото одделение, додава еден од основците во Домажлице. Засега не е јасно кој бил мотивот за овој напад.

„Причината може да биде ментална болест, влијанието на семејството и социјалните мрежи, можам да замислам и дека е шизофренија“, изјавила заменик-директорката на Психијатриската болница во Добржани, Каролина Мала, пренесува порталот Idnes.cz./Извор:Makfax