21.8 C
Скопје
19. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Мајка ѝ ја измила косата на ќерка си со средство за чистење овци од паразити, детето паднало во кома во Романија

Двегодишно девојче паднало во кома кога мајка ѝ ѝ ја измила косата со раствор за чистење овци од паразити. Девојчето било спасено во последен момент.

Ова е уште еден случај во она што веќе стана исклучително опасна појава, која однесе животи на неколку деца, пренесува „Антена обсерватор“.

Двегодишното девојче од Сучеава пристигнало во болница во кома откога мајка ѝ ѝ ја измила косата со раствор за овци против црви.

Девојчето можело да се спаси бидејќи во болницата за детски болести во Јаши добило противотров и му биле извршени соодветните лаважи и успеало да се разбуди од кома.

Моментно е во свесна состојба, но останува на одделението за интензивна нега за да ја следат лекарите.

Таа преживеа бидејќи често се случува во слични ситуации да умрат мали деца што биле отруени од овие супстанции, велат надлежните.

Лекарите апелираат до родителите да не користат супстанции за чистење на животните од паразити на децата или на луѓето воопшто бидејќи тие дејствуваат како отров./Извор:Makfax