На 20.08.2024 во 22.45 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода лице(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 20.08.2024 во 20.15 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода лице(30) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 20.08.2024 во 18.30 часот во с.Камењане, тетовско, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово го лишиле од слобода лице(50) од Гостивар затоа што кај него бил пронајден кокаин. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 20.08.2024 во 20.30 часот на локален пат од с.Боговиње кон с.Горно Седларце, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишиле од слобода лице(37) од с.Боговиње,лице(34) од с.Боговиње и лице(43) од с.Горно Седларце. Откако полициските службеници се доближиле до патничкото возило „сеат“ со тетовски регистарски ознаки, во кое биле лицата, едниот растурил кокаин по патосниците во возилото, кој бил подигнат за понатамошна постапка. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 21.08.2024 во 01.00 часот на ул.„Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода лице(22), лице(23) и лице(24) сите од с.Топлица, гостиварско, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.