15.8 C
Скопје
20. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Украинските специјални сили објавија снимка од борбите во Русија: „Ова е нашето секојдневие“

На социјалните мрежи се појави видео од акцијата на украинските специјалци за време на инвазијата на руската област Курск. Видеото на својот „Икс“ профил го објави и Роб Ли, аналитичар во Американскиот институт за надворешна политика.

Видеото ги покажува украинските специјалци во бункери, згради и индустриски погони во областа Курск.

„Непријателите се обидоа да се сокријат во индустриски зони и во утврдени позиции меѓу цивилни куќи. Нашите војници од единиците на специјалните сили ги идентификуваа и ги уништија“, се вели во соопштението на украинските специјалци.

„Заседите, нападите, координирањето со артилерија и земање заробеници се секојдневна работа на операторите на силите за специјални операции на непријателска територија“, наведуваат специјалните агенти со видеото од акциите./Извор:Makfax