9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Во текот на ноќта Русите соборија 14 украински беспилотни летала, а Украинците 30 руски

Руските власти објавија дека во текот на ноќта собориле 14 украински беспилотни летала над регионите Курск, Воронеж и Белгород, додека Украинците соопштија дека собориле 30 руски беспилотни летала над нивна територија.

Русија прецизираше дека 12 беспилотни летала биле соборени над регионот Курск и по еден над Воронеж и Белгород.

Воздушна тревога е прогласена ширум Украина во 7:20 часот по локално време, додека украинските воздухопловни сили објавија дека Русите истрелале 38 нападни беспилотни летала и две балистички ракети Искандер-М. Од нив беа соборени 30 дронови, но не се знае што се случило со останатите./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Астероид ја прелета Земјата

C +

Украинците нападнаа фабрика на „Лукоил“ во Русија, избувна огромен пожар

C +

УНИЦЕФ: Светот ги изневери Палестинците, 20.000 деца се убиени

C +