Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Сончево и многу топло, температурите до 43 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 36 до 43 степени. UV=10

Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 41 степен.

Продолжува периодот на сончево и многу топло време со максимална дневна температура која насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C поради што до крајот на следната работна седмица ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури. Промена на временската состојба се очекува од петок./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Сообраќајка на патот Градско – Прилеп

ДЕСК

Ова се новите луѓе на СДСМ – Објавена е листата на новите функционери

ДЕСК

Филипче: СДСМ има нов тим, нова сила – нова енергија!

ДЕСК