Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Каква е состојбата на патиштата?

ВРЕМЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 11:00 часот, на десна коловозна лента на автопат Скопје-Куманово извршена била времена измена на режим на сообраќај , при што во должина од 1000 метри (пред НС Миладиновци до НС Миладиновци), сообраќајната лента за принудно запирање и сообраќајната лента за возење ќе бидат затворени, додека сообраќајот ќе се одвива по левата сообраќајна лента за претекнување.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по cуви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Зголемена фреквенција и време на чекање околу еден час има на граничниот премин Табановце за влез во државата, како и на граничниот премин Богородица за излез од државата. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можеби ќе ве интересира

НЕОЧЕКУВАН РАСТ НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ: Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

СКОПЈЕ ПОД НАПНАТОСТ: Физичка пресметка во познат угостителски објект среде бел ден во центарот на градот

ДЕСК

Тројца против дечко и девојка: ноќна пресметка во Кисела Вода

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.