Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Гаши седнува во спикерското столче: поради кандидатурата за претседател на Собранието, поднел оставка од функцијата претседател на Алтернатива

На последната седница на Централното собрание на Алтернатива, одржана во четвртокот меѓу другото, се разговараше и за кандидатурата на Африм Гаши за претседател на Собранието на Република Северна Македонија, информираат од Алтернатива.

„Бидејќи уставот на РСМ, член 67, одпределува дека претседателот на републичкото собрание не може да биде и претседател или функционер на политичка партија, Африм Гаши поднесе оставка од функцијата претседател на Алтернатива и од сите други функции на партијата“, се истакнува во партиското соопштение.

Пред тоа, согласно статутот на Алтернатива, претседателот Африм Гаши го овластил потпретседателот Беким Сали да ги извршува формалните обврски на партијата до конечното решавање на темата на претседателот на Алтернатива./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

НОВ ХОРОР ВО МАКЕДОНИЈА: Очув и мајка осомничени за обљуба на малолетно девојче

ДЕСК

МАКЕДОНИЈА ВЕЧЕРВА ВО СОЛЗИ: Во страотна сообраќајка на патот Прилеп – Росоман загинаа 2 лица, повеќе се повредени

ДЕСК

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ДЕСК