На 21 мај, во 10.48 часот, во СВР Битола, вработен во градежна фирма пријавил дека при вршење ископ во старата касарна во Битола пронашле поголем број стари пушки, извести МВР.
„Увид извршила екипа од СВР Битола, а на 22.5.2024 пушките биле подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, кој констатирал дека станува збор за 110 стари нефункционални пушки по потекло од Првата светска војна“, соопшти МВР./Извор:Makfax