Денеска (17.05.2024) во 01.10 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци лишиле од слобода лице(36) од Кавадрци. Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна од две години. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на казната.
Денеска (17.05.2024) во 02.20 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода лицето.(35) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 16.05.2024 во 11.00 часот во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар го привеле лицето(24) од Дебар, затоа што при преглед во неговиот автомобил „фолксваген голф“, со дебарски регистарски ознаки, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 17.05.2024 во 01.10 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци лишиле од слобода лице(24) од Кавадарци, затоа што кај неа биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја и марихуана. Известен е јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Кавадарци и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 16.05.2024 во 18.30 часот на ул.„Смилевски конгрес” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода лице(21) од Битола, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 16.05.2024 во 21.55 часот на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници лишиле од слобода лице(26) од Република Албанија, затоа што по извршени проверки било констатирано дека во оперативната евиденција е со мерка апси по барање на Интерпол – Париз, Франција. Лицето било спроведено во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.