27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Метеоролозите најавуваат поројни дождови попладнево и нестабилно време до четврток

Попладнево ќе има поројни дождови и грмежи во државата.

Според прогнозирањето на метеоролозијте, се очекува да паднат над 15 литри дожд на квадратен метар. Локално, како што најавува УХМР, дождовите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а по должината на Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.

Во Скопје времето денес ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне кога во делови од котлината ќе бидат поројни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 18 степени.

До четврток времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за појава на град краткотрајно во форма на невреме. Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 km/h). Во петок и сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето со пораст на температурата. Од недела повторно се очекува нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и појава на невреме./Извор:Makfax