На 11.05.2024 во 15.50 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода лице(22) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 11.05.2024 во 18.30 часот полициски службеници од СВР-Тетово на улица ,,111″ во Тетово, врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна, за сторено кривично дело ,,измама”, привеле лице(45) од тетовска Мала Речица. Тој бил спроведен во КПУ Затвор Тетово за издржување на казната.