18. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

70 санкционирани возачи на територијата на Кочани

Во текот на вчерашниот ден (21.04.2024) во периодот од 12.00 до 16.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на Кочани, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

При контролата санкционирани се 70 возачи, од кои 23 за возење без возачка дозвола, седум санкции поради измината важност на сообраќајната дозвола, осум мерки за непрописно вградени фолии (затемнети стакла)… На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Две женски лица нападнале 16 годишно девојче среде бел ден во Скопје

ДЕСК

Нова драма во Карпош: Две лица почнале да му се закануваат на младо момче и неговата девојка, а потоа му го оштетиле возилото

ДЕСК

Тепачка во Шуто Оризари

ДЕСК