22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Снег падна во Хрватска и Словенија: Ќе побели ли и во Македонија?

Во поголем дел од Хрватска пристигна најавената промена на времето. Иако вчера беше претежно сончево, во вечерните часови од северозапад пристигна засилена облачност со врнежи од дожд, на места и грмежи.

Во текот на ноќта во Загреб почна да врне снег, што доведе до формирање на тенок слој снежна покривка на теренот и возилата.

Исклучително студен фронт минува и низ Словенија, па врнежите веќе зафатија поголем дел од земјата. Снежната линија ќе се спушти доста ниско, дури и до 600 метри надморска височина, а на некои места на север веќе врне снег.

Какво ќе биде деновиве во Македонија?
Денес ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а кон крајот на денот, во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи и силен ветер (над 70 km/h). Поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег и температурата ќе биде во опаѓање.

Во следните денови под влијание на серија на влажни бранови ќе преовладува променливо облачно време, наместа со повремени врнежи од дожд. Нестабилно време со пообилни врнежи, проследени со грмежи се очекува во среда попладне и во четврток.

Во Скопје денес кон крајот на денот, во текот на ноќта и утре претпладне ќе има врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат поројни, проследени со силен ветер (над 60 km/h).
Потоа во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во четврток.