21.8 C
Скопје
23. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Дел од општина Карпош без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека денеска без вода ќе остане дел од општина Карпош.

Поради отстранување дефект на приклучна водоводна цевка, на улица Софиска бр. 19 во општина Карпош, од 09:00 часот до завршување со интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.