10. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Фатени повеќемина фалсификатори на пари

10Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против пет лица, од кои две се осомничени дека сториле продолжено кривично дело – Фалсификување пари од член 268 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик, додека останатите со умисла им помогнале да го извршат делото.

Осомничените, четворица жители на Скопје и една жителка на Крива Паланка, сите на возраст меѓу 19 и 34 години, за сума од 18.000 денари набавиле девет фалсификувани банкноти од по 100 евра од лице од Скопје.

Потоа, во пет наврати во Куманово и еднаш во Крива Паланка, во различни правни субјекти купувале производи и услуги со фалсификуваните банкноти. Набавувале храна, алати, но и изнајмувале соби, со што се стекнале со противправна имотна корист.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово достави предлог за определување мерка притвор за осомничените.

Можеби ќе ве интересира

Драма на Охридското Езеро: Се запали и потона глисер – оштетени се и два други пловни објекти

ДЕСК

„Граѓаните нема да бидат жртви на дивоградбите“ – Бујар Османи најавува безкомпромисна борба со нелегалната градба во Чаир

ДЕСК

ФИЛМСКА ПРЕСТРЕЛКА: Еден убиен, повеќе повредени меѓу кои и малолетничка завршија во болница – Еве што засега се знае за страотниот инцидент во Тетово

ДЕСК