Пазарниот инспекторат издаде две решенија за затворање на маркети, информираше директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Горан Трајковски на својот Фејсбук профил и најавува дека ќе следат засилени контроли кај трговците на мало и трговците на големо.
– Изразувам благодарност до големиот број на општествено одговорни компании кои прифатија да ги задржат гарантираните цени на основните прехранбени производи. Апелирам истото да го направат и трговците на големо (снабдувачите) – напиша вели Трајковски.
Директорот на ДПИ во својата објава на Фејсбук порачува дека никој не смее да ги прекршува законите и да манипулира со потрошувачите.
Тој не објави за кои маркети станува збор.