20. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Охриѓанка падна од трети кат на зграда, уапсени двајца

Денеска, во 11.10 часот, во СВР Охрид е пријавено дека од трети кат на зграда на улицата Карпош Војвода во Охрид паднала жена, која потоа со возило на Итната медицинска помош е пренесена во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, извести СВР Охрид.

Во врска со настанот, во 11.45 часот, на улицата Јане Сандански во Охрид, лишени од слобода се две лица од Охрид. На местото на настанот увид вршат јавен обвинител и полициски екипи и се преземаат мери за целосно расветлување на настанот, соопшти СВР Охрид.

Можеби ќе ве интересира

Во Скопје и околината: Пронајдени две мртви лица, едниот на 39-годишна возраст другиот на 50 – наредена обдукција

ДЕСК

Утре, сончево и топло време со мала локална облачност

C +

ДОМ: Новиот нацрт-закон за Рударство е директна закана за здравјето на луѓето

C +