Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведено лице од Косово поради давање поткуп

Вчера во 09.15 часот на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода Ф.С.(45) од Косово поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“ по член 358 од Кривичниот законик.

Имено, околу 08.50 часот на граничниот премин не му бил дозволен влез во државата на автобус со косовски национални ознаки затоа што возачот не поседувал сертификат за професионален возач на автобус. Набргу на преминот пристигнал Ф.С., сопственик на компанијата за која возел возачот, при што барал автобусот да биде пропуштен.

Притоа, тој понудил пари на сменоводителот, по што бил лишен од слобода и приведен во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Грабеж среде бел ден во Аеродром: скопјанец остана без пари, мобилен телефон и без лични документи

ДЕСК

Драма во Карпош: 35 годишна жена нападнала возрасна скопјанка во продавница

ДЕСК

Пронајдени 15 лица мигранти во гевгелиско, приведени двајца криумчари, следува пријава

ДЕСК