18. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Судир меѓу бугарски камион и „мерцедес“ кај Кочани

Денеска (07.03.2024) во 02.41 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на магистралниот пат А3, на место викано „Слатина“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „рено“ со бугарски национални ознаки, управувано од Д.Е.Г.(32) од Република Бугарија и патничко возило „мерцедес“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Б.Г.(47) од Виница, соопшти МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Г. констатирани во Јавната здравствена установа Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите со МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – Попладнево почнува ново НЕВРЕМЕ!

ДЕСК

Левица оваа недела ќе го обзнани кандидатот за градоначалник на Скопје

ДЕСК

Приведена жителка на кичевско село – возела повеќе од двојно

ДЕСК