Денеска многу повеќе и поотворено се зборува за насилството врз жените, порача во интервју за Слободен печат, пратеничката од редовите на СДСМ, Марија Костадиновска.
Таа смета дека е добро тоа што жртвите се охрабруваат и го пријавуваат семејното или партнерското насилство.
„Добро е жртвите и оние кои трпат насилство се охрабруваат да ни пристапат, препознавајќи не како ликови кои години наназад се залагаме и за нивните права и за гласност и за отвореност иако се уште се плашат и се прашуваат дали системот нуди доволно заштита“ рече таа.
Костадиновска потсети дека со измени на Кривичниот законик се воведени нови кривични дела, кои треба да имаат за цел намалување на насилството врз жените и повисоки казни за насилниците, но изрази резерва околу тоа колку жртвите на насилство се запознаени со механизмите за заштита.
„Направени за законските измени, во Кривичниот законик е ставено „демнење“, ставен е фемицидот, но прашање е колку жртвите се запознаени колку тие имаат пристап, затоа што некои жртви се со години држени внатре во семејството и не знаат дека имаат механизми за заштита што во ова време е фрапантно да се слушне но за жал тоа е така. Многу од жртвите заради децата, заради срам од средината премолчуваат и не пријавуваат, но добро е што тоа постојано се менува“ заклучи Костадиновска.