На 03.03.2024 околу 22.45 часот, полициски службеници од СВР Скопје привеле малолетник од с.Патишка река, општина Сопиште.
Тој се сомничи дека претходно во парк на подрачје на Чаир испукал неколку проектили од пиштол, од кои два завршиле во станот на С.Е. од Скопје.
Пиштолот бил пронајден и одземен, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, ппротив него ќе биде поднесена соодветна пријава.