10. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Центар.мк
МАКЕДОНИЈА

Ужасно и морбидно: Велешанец колабирал на улица и починал, сограѓанка се доближила и му го украла паричникот

Велешанка ограбила починат сограѓанин на улицата Илинденска во градот.

Според информациите од полицијата, морничавиот настан се случил вчера.

Се’ почнало кога 54-годишниот велешанец Т,Ѓ. трагично паднал на улицата и починал. Тогаш до него се приближила 32-годишната сограѓанка Р.С. која му ги одзела парите што ги носел со себе.

Жената е задржана во полициска станица, а за настанот известен е јавен обвинител.

По документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, велат до СВР Велес.

Можеби ќе ве интересира

„EXIT“ во Скопје? Што кажа Орце – а што кажува самиот фестивал

C +

Шукова: Ќе го завршам проектот за прочистителна станица во Трубарево време е за зелено Скопје и здрава средина

C +

Филипче во Франција лобира за Македонија: Резолуцијата е гаранција за заштита на националните интереси

C +