Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тошковски на средба со претставници од ДКСК: соработката треба да се негува и продлабочува

Денеска, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, оствари работна средба со претседателката Татјана Димитровска и со претставници од Државната комисија за спречување на корупцијата.

На средбата претседателката ги презентира тековните активности на комисијата и ја потенцира обврската што ја имаат во согласност со Изборниот законик, а се однесува на објавување регистар на службени возила на државните институции на нивната веб-страница и во таа насока побара од страна на МВР да бидат доставени соодветни податоци.

Министерот Тошковски истакна дека соработката што ја имаат овие две институции треба да се негува и продлабочува, па во таа насока во иднина потребно е да се потпише соодветен меморандум.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Во вториот круг се бориме за 17 места, граѓаните масовно да излезат на гласање

ДЕСК

Драма во Центар за социјални работи: Вработена натепана од колешката, информирана е и полицијата

ДЕСК

Страотна сообраќајка во Штип – петмина повредени

ДЕСК