8.8 C
Скопје
23. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Нема веќе гарантирани цени – Ќе има ли ценовен шок?

Мерката “Гарантирана цена” заврши вчера, а од денес маркетите ќе може слободно да ги формираат цените на основните продукти.

Токму поради ова се јави и страв кај граѓаните од можно големо поскапување на основните продукти.

Сепак Државниот пазарен инспекторат денеска најави засилени контроли со цел да се спречи драстично зголемување на цените на основните производи.

Граѓаните кои ги анкетиравме се жалат дека трговците прават профит на грбот на обичниот народ, со оглед дека цените на основните производи во Македонија се поскапи до соседните земји.

Некои од граѓаните од пограничните места велат дека пазаруваат и поквалитетни и поевтини производи од соседните земји, особено во маркетите на Лидл во Грција и Србија.

Актуелната ситуација со високите цени на храната беше најавено дека ќе се амортизира со Законот за нефер трговски практики, кој засега е во Собраниска процедура и се уште не се знае дали ќе биде изгласан во овој собраниски состав, имајќи ги во предвид скорешните избори.