25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Комерцијална банка АД Скопје ќе започне со исплата на пензиите во петок – повеќе експозитури ќе работат и во сабота

Комерцијална банка АД Скопје ќе започне со исплата на пензиите за февруари од петок, 01.03.2024 година, соопшти Комерцијална Банка.

Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија ќе може да располагаат од петок, 01.03.2024 година, и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа. Пензионерите кои не користат дебитна картичка, пензијата од 01.03.2024 година ќе може да ја подигнат во експозитурите и филијалите на Банката.

Повеќе филијали и експозитури на Комерцијална банка им овозможуваат на клиентите трансакции преку шалтер до 17 часот, со што бројни шалтери им се достапни со најдолго работно време на пазарот од понеделник до петок.

А, секако и во сабота, кога филијалите на Банката низ целата земја и повеќе експозитури во Скопје работат од 9 до 12 часот, додека експозитурата во East Gate mall, пак, е отворена до 14 часот, се вели во соопштението на Комерцијална Банка.