23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Негативен природен прираст: Бројот на умрени луѓе поголем од бројот на новородени деца во последниот квартал од 2023

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2023 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 4.5 % и изнесува 4 185 живородени деца.

Бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2023 година бележи намалување од 1.5 % во споредба со истото тримесечје од 2022 година и изнесува 5 028 лицa, а од нив 9 се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен – 843 лица што значи, за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица.