23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Место со 100 жители, и 4.000 казни дневно: Седум милиони евра!

За две недели наплатија казни од 7 милиони евра.

Во сообраќајот се случуваат секакви работи, а ова е интересен случај од не така далечната историја на едно мало гратче во Италија со само стотина жители. Во период од само две недели, радарот забележал 58.560 казни за пребрзо возење.

Акватико е град во регионот Лигурија, во близина на границата со Франција. Едвај има две улици, кафеана и селска куќа. Но, Акветико има и пат без тротоари кој минува низ местото и често служи како место на нелегални трки со автомобили, пишува Ревијахак.

Шефот на Акватик, Алесандро Алесандри и некои од соседите се изморија од бучавата и општата несигурност, па конечно го поставија радарот во 2018 година. Бројот на казните се зголеми на 4.000 дневно и изнесува седум милиони евра за две недели!

„Рекордот“ го постигна мотоциклист кој возел 135 km/h. Ограничувањето на брзината обично е само 50 km/h.

Сепак, поради многуте поплаки од возачите, радарот на крајот беше отстранет една година подоцна.