2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Спасовски во „Топ Тема“ на Телма: Од моментот кога законските решенија стапија на сила, се започна со издавање на патни исправи со новото новото уставно име

Поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервјуто за „Топ Тема“ на Телма, одговарајќи на прашањето зошто толку доцна се започна со издавање на лични документи со новото уставно име на државата, појасни дека до 5-ти јули 2021 година се издаваа документи со старото име бидејќи неможете да очекувате на 12 февруари 2019 година кога стапува спогодбата на сила и од 13 февруари некој да може да издаде нови документи со новото уставно име.

„Зошто е тоа така, поради тоа што прво треба да се изврши набавка на софтверско и хардверско решение кое што ќе ги вклопи новото уставно име и законот за јазиците. На основа на тоа да се изврши таа набавка, да се импелментира во системот за персонализација, да се набават новите обрасци, тие нови обрасци да пристигнат и на основа на тоа да се изменат законските решенија и од моментот кога тие законски решенија стапуваат на сила да се издаваат патни исправи со новото новото уставно име“, дециден беше Спасовски.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Илинден е симбол на жртвата која генерации пред нас ја дале за слободна Македонија – ова е ден кој нé обединува

ДЕСК

Одбележување на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката

ДЕСК

Гаши: Овој ден е симбол на историската борба за слободно, еднакво и демократско општество

C +