Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Љупчо Коцевски ја презеде функцијата јавен обвинител на Република Северна Македонија

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љупчо Коцевски, и официјално ја презеде должноста од досегашниот вршител на функцијата, јавната обвинителка Соња Симовска.

„Коцевски и Симовска одржаа средба, на која разговараа за актуелните состојби во Јавното обвинителство и за приоритетните активности во следниот период, во насока на зајакнување на системот за борба против криминалот и корупцијата, јакнење на самостојноста и независноста на јавните обвинители во постапувањето, како и зголемување на отчетноста и транспарентноста на институцијата“, посочија од Јавното обвинителство.

Можеби ќе ве интересира

Пораснал бројот на невработени во Македонија

ДЕСК

НЕОЧЕКУВАН РАСТ НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ: Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

СКОПЈЕ ПОД НАПНАТОСТ: Физичка пресметка во познат угостителски објект среде бел ден во центарот на градот

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.