Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Шест нови случаи на голема кашлица во Скопје

Шест нови случаи на голема кашлица се забележани во Скопје и со тоа бројот на заразени од пертусис се зголеми на 28 од почетокот на годината, извести Центарот за јавно здравје.

Пред една седмица Комисијата за заразни болести препорача да се прогласи епидемија на голема кашлица во Скопје.

Александар Петличковски, претседателот на Комисијата, препорача забрана за прием на невакцинирани деца против пертусис во градинките и апелира сите што ја пропуштиле вакцинацијата со редовниот календар – да се вакцинираат.

По препорака на Комисијата, вакциналните пунктови работат во две смени преку работната недела и до 14 часот во сабота.

Можеби ќе ве интересира

Пораснал бројот на невработени во Македонија

ДЕСК

НЕОЧЕКУВАН РАСТ НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ: Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

СКОПЈЕ ПОД НАПНАТОСТ: Физичка пресметка во познат угостителски објект среде бел ден во центарот на градот

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.