24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Влажен бран над Македонија носи многу дожд – Синоптичарите објавија детална повеќедневна прогноза

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини на северозапад од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 l/m2), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени.

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец. T= 16 °C, P= 969 hPa, U= 75 %, V= 8 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)

Под влијание на влажен бран и утре ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и услови за изолирана појава на ретки грмежи. Локален слаб дожд ќе има и во вторник, а потоа следува период на стабилно време.

Прогноза за 13.02.2024
Минимална температура: 2°C до 8°C
Максимална температура: 9°C до 16°C

Променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини на северозапад со повремен снег. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 14.02.2024
Минимална температура: 1°C до 7°C
Максимална температура: 6°C до 14°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 15.02.2024
Минимална температура: -3°C до 4°C
Максимална температура: 7°C до 15°C

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа во југозападните делови и долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.