24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
dozd
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

ДРАСТИЧНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО, ЦИКЛОН НОСИ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД И ВЕТЕР: Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Променливо облачно и релативно топло понекаде со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а од пладневните часови наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 км/час) најизразен долж Повардарието. Од вечерните часови во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој краткотрајно ќе засилува.

Денес, преку ноќта и утре ќе дува засилен ветер од јужен правец најизразен долж Повардарието и во источните делови (над 60 км/час). Преку ноќта во западните делови ќе има појава на повремен дожд, а потоа под влијание на влажен бран врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјата. Повремено пообилни врнежи ќе има до понеделник до крајот на денот (над 20 л/м2) и ќе бидат проследени со услови за појава на ретки грмежи. Во вторник врнежите ќе престануваат а дневните температури ќе продолжат постепено да опаѓаат.

Прогноза за 12.02.2024
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 8°C до 15°C

Облачно со врнежи од дожд, наместа пообилни. Претпладне ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 13.02.2024
Минимална температура: 2°C до 7°C
Максимална температура: 7°C до 14°C

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд на повисоките планини од повремен снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 14.02.2024
Минимална температура: 2°C до 7°C
Максимална температура: 7°C до 14°C

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.