23. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Измамен жител од Гостиварско, платил 1.800 евра за сертификат за положен германски јазик, добил фалсификат

Шеесет и четиригодишен жител на гостиварско село, вчера, во 15.40 часот, во СВР Тетово пријавил дека минатата година стапил во контакт со лицето А. Н. од Скопје, кое му ветило дека ќе му обезбеди сертификат за положен германски јазик за неговата снаа, а тој за таа услуга однапред му платил 1.800 евра, извести СВР Тетово.

Лицето подоцна му обезбедило сертификат, но документот бил фалсификуван, по што сфатил дека е измамен, се додава во соопштението на СВР Тетово.

Се расчистува и документира случајот.

Можеби ќе ве интересира

Средба Божиновска Рокас: Поддршка од ЕУ за ефикасна енергетска политика

ДЕСК

СДСМ: 4 години разочарувања, нула резултати на Коњановски и ВМРО-ДПМНЕ во Битола

ДЕСК

СДСМ: 4 години разочарувања, нула резултати на Пецаков и ВМРО-ДПМНЕ во Охрид

ДЕСК