22. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тошковски на средба со претставници на Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници

Денеска (06.02.2024) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се сретна со претседателот Димитар Кавраков и претставници на Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници.

На средбата претставниците на асоцијацијата ги претставија проблемите со кои се соочуваат туристичките водичи, а пред се го истакнаа проблемот со патните исправи кои им се неопходни при своето секојдневно работење.

Туристичките водичи и придружници се амбасадори на нашата држава и треба да им се излезе во пресрет на нивните барања. Министерот Тошковски изјави дека преземените мерки за забрзување на процедурите за сите граѓани веќе вродуваат со плод, па така истите ќе резултираат со позитивен исход и за членовите на Асоцијацијата на туристички водичи и придружници.

Можеби ќе ве интересира

Службеник од општина Шуто Оризари присвоил од општинскиот буџет 3.600.000 денари

ДЕСК

Средба Божиновска со новоименуваниот економски аташе на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија

ДЕСК

Културата е во најлоша состојба досега, тоа е резултатот на Љутков и ВМРО-ДПМНЕ

ДЕСК