Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Јетон Шаќири пред протестот на студентите: На вашата сметка ги имате средствата за стипендија, не дозволувајте да ве манипулираат

Министерот за образование Јетон Шаќири преку социјалните мрежи ги информираше студентите кои ги исполниле условите за продолжување и ретроактивното плаќање со спогодба, дека се исплатени средствата за стипендија.

„Додека го читате овој пост на вашата сметка ги имате средствата за стипендија сите вие студенти кои ги исполнивте условите за продолжување и ретроактивното плаќање со спогодба. Искрено сакам да изразам благодарност до сите сектори низ кои се одвива процесот на стипендиите додека не стигнат до вас“, напиша Шаќири.

Министерот апелираше до студентите да не дозволат да бидат изманипулирани.

„Ве повикувам да ја искористите концентрацијата и енергијата за поголем успех на испитите кои ги имате оваа недела, апелирам да не дозволите да бидете манипулирани од дезинформации и злонамерни повици“, вели Шаќири.

Тој додаде дека посветено работи за студентите.

„Го зголемивме износот за студентскиот оброк, го зголемивме износот на стипендиите, разликата на стипендиите ја плативме и за претходниот период … докажавме дека работиме посветено за студентите“, додаде министерот.

Студентите претходно најавија дека масовно ќе излезат на протест пред МОН поради, како што кажаа, доцнењето на стипендиите.

Можеби ќе ве интересира

Грабеж среде бел ден во Аеродром: скопјанец остана без пари, мобилен телефон и без лични документи

ДЕСК

Драма во Карпош: 35 годишна жена нападнала возрасна скопјанка во продавница

ДЕСК

Пронајдени 15 лица мигранти во гевгелиско, приведени двајца криумчари, следува пријава

ДЕСК