17.8 C
Скопје
22. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Без струја делови од општините Шуто Оризари и Сопиште

„ЕВН Македонија“ известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Шуто Оризари и Сопиште.

Во периодот од 9 до 10 часот, дел од корисниците од улицата Индира Ганди, дел од улицата Хаџи Јован Шишков, улицата Тиквешка, амбулантата и градинката „8 Април“ во општина Шуто Оризари ќе немаат струја.

Без електрична енергија во периодот од 9 до 12 часот ќе бидат корисниците од Јаболци, Нова Брезница, Патишка Река, Држилово, Црн Врв, Елово Осинчани, Малчиште, „Рудопроект“, Карст, Говрлево, село Јаболци, Горно Соње, Долно Соње, Ракотинци, Добри Дол, Општина Сопиште.