Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Гореа куќи во скопскиот регион

На 12.01.2024 во 19.45 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во с.Држилово, општина Сопиште настанал пожар во куќа сопственост на И.А.(53) од с. Држилово. Во пожарот изгорел целиот кров на куќата, а од страна на Бригадата за против пожарна заштита пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Денеска 13.01.2024 околу 00.30 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во с.Студеничани, скопско настанал пожар, при што бил опожарен кров и втор кат од куќа сопственост на И.Ф.(49) од с.Студеничани, скопско. Извршен бил увид од увидна екипа при СВР Скопје, а од страна на Бригадата за против пожарна заштита пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема.

Можеби ќе ве интересира

Ова се новите луѓе на СДСМ – Објавена е листата на новите функционери

ДЕСК

Филипче: СДСМ има нов тим, нова сила – нова енергија!

ДЕСК

МВР со важно известување до граѓаните во врска со “Сејф сити”

ДЕСК