9.8 C
Скопје
22. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Две лица со „мерцедес“ заглавиле во снег кај Галичица, спасителската акција е завршена комплетно и успешно

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Охрид известува дека во 12.56 часот, од единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК, е добиена пријава за заглавени две лица во снегот со возило „мерцедес“ на Галичица во близина на црквата „Св. Наум“, на патниот правец кој е забранет за сообраќај.

Од ЦУК веднаш беше информирана Единицата за спасување на планина од Охрид. Во оптимално брзо време беа лоцирани и спасени заглавените две лица во снегот на Галичица вклучувајќи го и возилото „мерцедес“ .

„Aкцијата е завршена на 14.15 часот, комплетно и успешно“, велат од ЦУК.