21. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Сите кандидати на СДСМ за претседател на државата ќе имаат еднаква почетна позиција

Претседателот Стево Пендаровски нема да има предност во трката за претседателски кандидат во СДСМ.

Премиерот Димитар Ковачевски рече дека во партијата е почната процедурата за номинација на кандидатите за претсдетел и сите имаат еднаква стартна позиција.

„Пендаровски успешно го заврши претседателскиот мандат, ги поддржа евроинтеграциите и сите граѓани ги третираше со еднаква почит, во моментов може да зборувам за врендостите кои би ги дал заедничкиот кандидат, но не можам да прејудицирам кој би бил. Тоа е неетички“, рече Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања.

Пендаровски вчера изјави дека одлуката дали ќе се кандидира за втор мандат ќе ја донесе во втората половина на февруари.

Можеби ќе ве интересира

Граѓаните бараат улици, не само згради – планот на Ацевски за сообраќајот во Ѓорче

C +

Љупчо Николовски: Скандалозно, ЕУ потврди дека Министерството за земјодели ги напуштило реформите во шумарството

C +

СДСМ: Алармантно, над 20 милиони килограми грозје стои неоткупено

C +