25.8 C
Скопје
21. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

За упадот во М-НАВ, Обвинителството денес чека кривична пријава од МВР

Основното јавно обвинителство работи на вчерашниот упад во М-НАВ по кој четири лица беа приведени во полициска станица, а по уште четворица МВР доцна синоќа соопшти дека се трага.

„Во моментот се преземаат дејства за расчистување на настанот. Основното јавно обвинителство Скопје во текот на денот очекува кривична пријава од Министерството за внатрешни работи“, соопштија од Обвинителството.

По вчерашниот упад во контролата на летање, МВР соопшти дека во наредниот период и тие ќе ја обезбедуваат зградата на М-НАВ.

Тројца вработени вчера беа нападнати на работните места во контрола на летање на скопскиот аеродром откога неколку лица упаднаа во објектот. Упадот се случи по прес-конференцијата на претседателот на Синдикатот на М-НАВ, кој најави 30 оставки од вработените поради наместени конкурси и партиски вработувања.

Владата доцна синоќа најави дека на следната седница е го разреши целото раководство во М-НАВ и ги повика Јавното обвинителство, Државната комисија за спречување корупција, Управата за финансиска полиција и меѓународните тела за контрола на авиосообраќајот да направат целосна ревизија на досегашното работење на М-НАВ.